ВМРО-ДПМНЕ: Одговорност за надлежните во здравството
ие предупредувавме дека СДС прави брутална партизација на институциите и поставува некомпентентни кадри- изјави Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

Министерот за здравство, Таравари и директорката на Гинекологија го сокрија скандалот и објавија за трагедијата откако за неа проговори јавноста, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ. Ние предупредувавме дека СДС прави брутална партизација на институциите и поставува некомпентентни кадри- изјави Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.
Таа вели дека залудно Таравари и директорката Јовановска се кријат од јавноста. Јавноста е гневна бидејќи гледа дека приоритет за министерот Таравари е да се промовира себе си по социјални мрежи, наместо да се грижи за функционирањето на здравствениот систем.
Граѓаните се преплашени, загрижени, стравуваат за своите животи и за животите на своите деца, велат од партијата.
