Разузнавачки игри на релација Белград- Скопје

24.08.2017 15:51

Советникот за национална безбедност во претседателскиот кабинет, Синиша Алексоски, ги демантира тврдењата на Горан Живаљевиќ дека имал дозвола за престој во Собранието на 27-ми април. Припадникот на БИА со поинаква верзија за случувањата. Се огласи и претседателскиот кабинет и партиите...

„Не сум овластен да давам одобренија за престој во Собранието, Живаљевиќ бара алиби преку мене“- тврди советникот за национална безбедност во Кабинетот на Иванов, Синиша Алексоски. Тој во интервју за МИА ја демантираше изјавата на српскиот разузнувач Живаљевиќ, кој за РТС рече дека имал дозвола за престој.

„Јас за моите активности на 27-ми април се пријавив во Кабинетот на претседателот, конкретно кај Советникот за безбедност. Мојата мисија не беше ниту тајна, ниту пак, недобронамерна, на крајот на краиштата македонскиот безбедносен врв беше известен“, рече Живаљевиќ.

Алексовски вели дека бил информиран дека Живаљевиќ е во Собранието откога српскиот разузунувач му испратил фотографија. Смета дека на тој начин направил обид да си обезбеди алиби за своето неовластено и непрофесионално однесување. За добиените пораки, Алексовски тврди дека веднаш поднел извештаи согласно со безбедносните протоколи.

Од Кабинетот на претседателот веќе реагираа дека не се надлежни, ниту овластени да дава дозвола за активности на странски претставници и дипломати во Собранието.

Според СДСМ, последните информации се доказ дека ВМРО-ДПМНЕ стои зад насилството во Собранието на 27-ми април.

Опозициската партија соопшти дека Владата ниту добила барање, ниту издала согласност и одобрение за присуство на Живаљевиќ во Собранието.

Наташа Гркова- Петрушевска