АВРМ: Паричен надоместок за невработеност најдоцна до 30-ти август
Во претходниот месец исплатата се реализираше во периодот од 20-25 јули 2017-та, но поради именување на нов директор, во изминатиов период Агенцијата за вработување ги презеде сите неопходно потребни законски мерки за промена на главен потписник на трезорската сметка...

Исплатата на паричниот надоместок по основ на невработеност за месец јули 2017-та година ќе се изврши најдоцна до 30-ти август 2017-та година, велат во Агенцијата за вработување.
Во претходниот месец исплатата се реализираше во периодот од 20-25 јули 2017-та, но поради именување на нов директор, во изминатиов период Агенцијата за вработување ги презеде сите неопходно потребни законски мерки за промена на главен потписник на трезорската сметка на Агенцијата, која законски повлече и промена на постоечките потписници на сметки во сите 30 центри, објаснуваат во Агенцијата.
