Собранието на 4-ти септември ќе расправа за огласот за нов јавен обвинител

25.08.2017 11:17

Собранието го огласува именувањето на јавниот обвинител на РМ во „Службен весник “ и во најмалку два дневни весника. Рокот за пријавување на кандидатите е 15 дена од објавувањето на огласот. Кандидатите треба да добијат мислење од Советот на јавните обвинители, а Владата ќе предложи само еден како кандидат до Собранието.

На 4-ти септември пратениците ќе расправаат за Предлогот за огласување именување на Јавен обвинител на Република Македонија. Предлогот до Собранието го достави Владата, по седницата во вторникот.

Согласно законот, Собранието го огласува именувањето на јавниот обвинител на РМ во „Службен весник “ и во најмалку два дневни весника. Рокот за пријавување на кандидатите е 15 дена од објавувањето на огласот. Кандидатите треба да добијат мислење од Советот на јавните обвинители, а Владата ќе предложи само еден како кандидат до Собранието.

Дека влегуваат во трката за наследник на Зврлевски досега потврдија адвокатите Ѕвонко Давидовиќ, Александар Тортевски, Александар Наков и универзитетскиот професор Сејфула Османи.

Мандатот на државниот јавен обвинител е шест години со право на повторно именување.