Работилница за соработката меѓу НАТО и ЕУ за стабилност во Западен Балкан

25.08.2017 12:29

На работилницата ќе зборува и Марк Лејти, портпаролот на Воениот штаб на НАТО во Монс, Белгија. Лејти беше и гласноговорник на операцијата „Суштинска жетва“, организирана од НАТО во 2001-ва година, за предавање на оружјето на ОНА, по конфликтот во земјава.

Соработка меѓу НАТО и ЕУ за стабилност на Западен Балкан. Ова е темата на меѓународната работилница, организирана од Одделението за јавна дипломатија на НАТО, што од денеска до 29-ти август се одржува во Охрид.

На работилницата ќе зборува и Марк Лејти, портпаролот на Воениот штаб на НАТО во Монс, Белгија. Лејти беше и гласноговорник на операцијата „Суштинска жетва“, организирана од НАТО во 2001-ва година, за предавање на оружјето на ОНА, по конфликтот во земјава.

Работилница ќе се фокусира на развивање и размена на мислења за промовирање на евроатлантската интеграција, како и меѓусебно разбирање и соработка при креирањето и одржувањето на мрежите на алумни на Центарот за напредни безбедносни студии.