Лабораториски испитувања во Детската болница Козле и во трета смена
25.08.2017 12:39
Сите пациенти кои имаат потреба можат во кое било време да се јават на дежурен лекар каде ќе добијат комплетна здравствена услуга, вклучувајќи ги и потребните лабораториски испитувања...

Пациентите ќе имаат можност за вршење комплетни лабораториски испитувања и во трета смена во Детската болница Козле, соопшти Министерството за здравство.
Тоа значи дека сите пациенти кои имаат потреба можат во кое било време да се јават на дежурен лекар каде ќе добијат комплетна здравствена услуга, вклучувајќи ги и потребните лабораториски испитувања.
Од ресорот здравство потсетуваат дека дежурната служба во Детската болница Козле работи секој ден 24 часа.
