Судир меѓу полицијата и мигрантите во Рим

25.08.2017 12:43

Барателите на азил од Еритреа се судрија синоќа со полициските единици во Рим. Беа фрлани молотови коктели. Причина за немирите е незадоволството од нивниот статус...

Полицијата со водени топови и пендреци им се спротивстави на мигрантите коишто го окупираа плоштад на Рим, револтирани од одлуката за нивно протерување од зградата во која живееја со години. Причина за петдневното кампување пред објектот е нивното незадоволство од понуденото сместување организирано од градските власти.

Полициската акција беше неопходна поради ризикот од употребата на плински боци и други запалливи материјали на јавниот простор опкружен со станбени згради. Од деловните простории околу плоштадот беа избркани 800 бегалци.

Во судирите се приведени двајца. Повредени се 13. Групата со околу 100 луѓе од Еритреја и Етиопија фрлаше камења и шишиња врз безбедносните сили на Италија.
УНИЦЕФ и хуманитарните ги осудија одлуките на Рим, потенцирајќи дека не било дадено предупредување за луѓето за кои не постоело соодветно вдомување. Според нивните проценки, на улиците на италијанската престолнина живеат стотици баратели на азил.

„Штета што не постојат соодветни алтернативи за сместување на овие луѓе. Загрижени сме поради употребата на насилство. Толку долго живееле во таа зграда, па се законски жители на Рим. Избегале од војна, и така се истрауматизирани жртви на прогонот. Имаат право на интеграција во општеството“, изјави Стефан Жакме, УНИЦЕФ.

Од 2014-та година, во земјата стигнале околу 400.000 луѓе, најмногу од Либија. Годинава, преку Медитеранот стигнале речиси 100 илјади.
 

Маја Филдишев