Пониски цени на дел од услугите на Катастар

25.08.2017 12:52

Министеротза транспорт и врски, Сугарески истакна дека со ваквите намалувања на цените на услугите кои се во надлежност на Агенцијата за катастар, се исполнува уште едно ветување дадено пред граѓаните.

Ќе се намали цената на услугите на Катастарот за недвижности за 50 насто. Дел од нив, од 1-ви септември повторно ќе бидат вратени во надлежност на геодетите.

Министеротза транспорт и врски, Сугарески истакна дека со ваквите намалувања на цените на услугите кои се во надлежност на Агенцијата за катастар, се исполнува уште едно ветување дадено пред граѓаните.

Според надлежните, непхопдно е да се вратат и дел од овластувањата што приватните геодетски фирми ги имале претходно во однос на правото за вршење на теренски работи за потребите на единиците за локална самоуправа и институциите на централната власт, кои досега ги имаше Агенцијата за катастар. Со ваквиот пристап, смета министерот Сугарески, ќе се забрза давањето на услуги и ќе се зголеми конкуренцијата. На средбата е разговарано и за пазарната цена на услугите што ги нудат приватните геодетски фирми.

Се согласивме долната граница на цената на услугите да остане регулирана како досега, додека горната цена ќе биде регулирана во согласност со пазарните услови, рече министерот Сугарески.

Разговарано е и за потребата од ублажување на казнената политика и воведување на мерката опомена.