Османи: Парите од ИПА да се користат за европеизација на државата

25.08.2017 13:54

Граѓаните мора да знаат дека Македонија има ретка можност да ги користи парите на граѓаните на ЕУ. Дадена ни е шанса да покажеме дека сме способни за тоа и досегашниот период беше еден вид тест за нас, изјави вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи.

Македонија искористила 70 проценти од парите од ИПА 1 програмата, пропаднале 150 милиони евра. Надлежните сметаат дека мора да се остранат слабостите на системот.

Граѓаните мора да знаат дека Македонија има ретка можност да ги користи парите на граѓаните на ЕУ. Дадена ни е шанса да покажеме дека сме способни за тоа и досегашниот период беше еден вид тест за нас, изјави вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи.

Не смееме да испуштиме ниту едно евро од ИПА средствата, парите треба да ги искористиме за европеизација на државата, а процесот мора да биде транспарентен во целост, порача Османи.

Со вториот пакет имаме на располагање 664 милиони евра. 400 луѓе работат на подготовка на проектите.