Пет години затвор за првиот човек на „Самсунг“
25.08.2017 13:56
Судскиот процес против Ли е дел од корупцискиот скандал поради кој беше сменета јужнокорејската претседателка Парк Геун-Хие...

Судот во Сеул му одреди петгодишна затворска казна на шефот на јужнокорејскиот гигант „Самсунг“, Ли Џае Јонг поради давање поткуп и други дела поврзани со корупција.
Барањето од обвинителството за 12-годишна казна беше отфрлено. Судскиот процес против Ли е дел од корупцискиот скандал поради кој беше сменета јужнокорејската претседателка Парк Геун-Хие, која, исто така, е обвинета за корупција.
