Вардар ги доби противниците од групата од Лига Европа
25.08.2017 14:22
Противници на Вардар се екипите на Зенит од Русија, Реал Сосиедад од Шпанија и Розенборг од Норвешка.
Македонскиот фудбалски првак Вардар на извлекувањето на групите од Лига Европа ги доби ривалите. Вардар беше извлечен како последен и тоа е во псоледната група Л.
Противници на Вардар се екипите на Зенит од Русија, Реал Сосиедад од Шпанија и Розенборг од Норвешка.
Сите три екипи имаат учество во Лигата на шампионите.
Натпреварот од првото коло се игра на 14.септември, а распоред на дуелите УЕФА ќе го објави во најкус можен рок.
