Родовата дискриминација е присутна во земјава
Иако припадничките на понежниот пол се застапени во Собранието согласно со Изборниот законик, сепак интересот за занимавање со политика не е на високо ниво. Родовата дискриминација е честа практика при вработувањата во приватниот сектор. Жените, посебно од малите места, се плашат да ја пријават...

Од седумдесетина претставки за дискриминација годишно, дури 40 се однесуваат на оневозможен пристап до работа. Жените, Ромите, луѓето од ЛГБТ заедницата и оние со попреченост, се најчести жртви на обесправеност од страна на работодавачите. Слични проблеми има и во други земји на ЕУ.
„Како последица од разликата во платите кај жените се јавува поголема стапка на ситомаштија. Ако зборуваме за Европската Унија жените се за 20% помалку платени од мажите, што подоцна се одразува на висината на пензијата“, изјави Татјана Грејф, словенечки Студентски културен центар.
Жените во политиката формално – правно не се дискриминирани, затоа што политичките партии ги исполнуваат квотите од 40 насто нивна присутност на листите за пратеници, советници и градоначалници. Она што недостасува е интересот за политика.
Освен родовата, во земјава е присутна и дискриминација по основ на политичка определба, која, како што покажува статистиката е најинтензивна пред и по изборните циклуси.
Анита Димитријевска
