Подршка за реформите и интеграцијата од Европските либерали и демократи
Македонија одамна требаше да ги почне преговорите за членство со Унијата, но се знае од каде доаѓа проблемот, тврди претседателот на Европските либералдемократи. Ќе се посветиме на домашната инвестициска клима, најави министерот без портфељ, Шапуриќ...

На Македонија ѝ е потребна политичка стабилност, а не нова влада секоја година, ако планот 3-6-9 се реализира, земјата ќе стане модерна- со овој став холандскиот европратеник Ван Бален ја искажа подршката на Европските либерали за реформите и евроинтеграцијата на Македонија. Прашањето за името го смета за грчки проблем, а дијалогот на држвава со соседите како начин без притисок да се најде решение.
„Јас сум убеден дека вие ќе можете да ги решите вашите најголеми проблеми и дека ние како ЕУ ќе седнеме со Македонија да го направиме тоа што требаше да биде направено пред многу години за преговорите за членство. Мислам дека оваа Влада направи разлика со тоа што ги повикува на пријателите и на соседите и директно оди таму да се обиде да ги реши проблемите. Во дискусијата со Србија, Македонија добро настапи без да врши притисок, туку рече ајде да седнеме на маса“, рече Ханс Ван Бален, холандски европратеник и претседател на Алијансата на либерали и демократи.
Бален посочии дека ја пренел пораката на властите колку со седум премиери, пет еврокомесари и подржката од францускиот претседател се силни либералите во Европската Унија. Министерот Шапуриќ очекува тој да биде меѓу главните лобисти на Македонија во евроатланските процеси. Покажал интерес и за бизнис климата и новата стратегија за привлекување странски инвестиции.
„Го информиравме нашиот гостин од Холандија дека новиот концепт на Владата за странските инвестиции го промовира принципот на транспарентност и на еднаков пристап кон привилегиите за сите странски инвеститори, како и принципилената заложба на новата влада истите привилигии за инвестирање да им бидат понудени и на домашните компании за нивните инвестициски стратегии. Исто така и со домашните инвестиции, нема субјективно да одлучува која компанија како ќе биде стимулирана“, рече Зоран Шапуриќ, министер задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашни претпријатија.
Холанскиот европратеник имал средба и со премиерот Заев, бил придружуван од Емил Кирјас- генералниот секретар на Либералната интернационала.
Сузана Фиданска- Стоевска
