ВМРО-ДПМНЕ: Погрешни политики во економијата

25.08.2017 15:14

Од партијата велат, наместо подобар живот, граѓаните добија помали плати и пензии.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја обвини власта за водење лоши економски политики. Од партијата велат, наместо подобар живот, граѓаните добија помали плати и пензии.

Освен од платите на граѓаните, владата на Социјалдемократскиот сојуз крати и од пензиите. Пензионерите од септември нема да го добијат планираното покачување од  5% и наместо покачувањето кое што требаше да го добијат од околу 650 денари тие сега ќе добијат само 180 денари. Социјалдемократскиот сојуз без никаков срам и безобразно удираат по џебот од над 300.000 пензионери. Владата на Социјалдемократскиот сојуз доцни и со исплатата паричниот надомест кој им следува на невработените лица, изјави Златко Перински, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните на Република Македонија се уверија дека подобриот живот кој го ветуваше Социјалдемократскиот сојуз пред изборите важи само ако сте нивен член, матен лик близок до Зоран Заев или активист на шарената револуција- велат од партијата.