Дачиќ и Димитров за нормализирање на односите
25.08.2017 14:50
Персоналот на Српската амбасада во земјава од вчера почна повторно да работи, а амбасадорката Дивјак доаѓа на 31-ви август, за потоа да има средба со Заев.

Средба на шефовите на српската и на македонската дипломатија, Ивица Дачиќ и Никола Димитров во Ниш, Србија, на која што треба да се операционализира телефонскиот договор меѓу претседателот на Србија, Вучиќ и македонскиот премиер Заев.
Персоналот на Српската амбасада во земјава од вчера почна повторно да работи, а амбасадорката Дивјак доаѓа на 31-ви август, за потоа да има средба со Заев.
Премиерот ќе се сретне со неговата српска колешка Брнабиќ во Драч во сабота, на неформалниот состанок на премиерите од Западен Балкан со еврокомесарот Хан и со претставници на Светска банка.
