Огласот за субвенции за набавка на добиток и нови насади трае до петок

29.08.2017 10:11

До петок трае пријавувањето за субвенционирање на новите овошни и лозови насади и за набавка на добиток. Насадите и добитокот треба да се купени во периодот од крајот од октомври лани до крајот на август годинава...

Повикот се однесува за подигнување нови повеќе годишни насади на лозови и овошни и медоносна растенија и набавка на добиток од признати одгледувачи од Македонија и од странство.

Средствата се наменети за инвестициите од 1-ви октомври до 31-ви декември 2016-та и од 1-ви јануари до 31-ви август 2017-та година.

Крајниот рок за аплицирање е до први септември, а барањата што не се поднесени електронски нема да се разгледуваат.

Финансиската поддршка се исплаќа по принцип на кофинансирање. За завршени и исплатени инвестиции корисникот добива од 50 проценти од одобрените прифатени трошоци.

Стапката на кофинансирање се зголемува до 75 проценти во случаите кога баратели се млади земјоделци и кога инвестицијата е лоцирана во потешко достапните и подрачјата со ограничени можности.

 

Методија Трајков