Могерини: Балканот е меѓу приоритетите на Брисел
Покрај тероризмот и миграцијата беа воочени повеќе политички кризи во регионот...

На состанокот со амбасадорите на Европската унија, шефицата на дипломатијата и одбраната Могерини оцени- Балканот годинава е меѓу приоритетите на Брисел. Покрај тероризмот и миграцијата беа воочени повеќе политички кризи во регионот.
„Приоритет ни е Балканот. Ако не се посветиме, можеме повеќе да загубиме отколку да добиеме. Некои велат тоа е предворје на Унијата, не е така, тоа е Европа. Годинава се соочивме со тензии, кои растеа пропорционално во различни времиња, во различни земји на Балканот. Во некои моменти имавме и тензии, акутен процес, но на крајот нашите партнери таму секогаш и одново успеваа да се посветат на волјата да напредуваат кон Европската унија. Секогаш. Зошто? Бидејќи младотото население секогаш ги прашува лидерите, до каде е придружувањето со Унијата“- изјави Могерини.
