МНР: Нема сознанија за зафатени македонски државјани од поплавите во Хјустон

29.08.2017 10:24

Како што соопшти Министерството за надворешни работи, Македонската амбасада во САД е во контакт со официјалните служби, одговорни за справување со природната катастрофа.

Македонската амбасада во САД, по комуникацијата со надлежните служби, до овој момент нема сознанија за македонски државјани зафатени од катастрофалните поплави во Хјустон и во околината.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи, Македонската амбасада во САД е во контакт со официјалните служби, одговорни за справување со природната катастрофа.

Македонски граѓани можат да ја контактираат нашата амбасада на телефоните: 00 1 202 390 7418 или 00 1 202 667 0501.