Следната година ќе се гради магистрален пат Охрид-Свети Наум
Кон крајот на оваа или на почетокот на наредната година се очекува да започне изградбата на првата фаза од новиот магистрален пат Охрид-Свети Наум...

Модерната сообракајница што ќе се гради над постоечкиот магистрален пат,ќе биде широка 12 метри,со 4 сообраќајни ленти.
Новиот магистрален пат Охрид-Свети Наум ќе биде долг близу 40 километри,широк 12 метри,со 4 сообраќајни ленти.Се очекува проектот за првата фаза,за потегот од Охрид до Пештани да биде завршен до јуни,а владата веќе прави финансиска конструкција изградбата на модерната сообраќајница да започне најдоцна до почетокот на наредната година.
-„Паралелно со тоа се изготвува и втората фаза од истиот проект од Пештани до Свети Наум,односно до граничниот премин кон Република Албанија.Тој проект согласно потпишаниот договор треба да биде готов до крајот на 2 014 година„, Љупчо Георгиески-Директор на Агенцијата за патишта на Република Македонија
Изградбата на новиот магистрален пат ќе придонесе за развој на туризмот,но и за нормално одвивање на сообраќајот во шпицот на летната туристичка сезона.
-„Сигурно дека за нас како локална самоуправа е од големо значенје изградбата на магистралниот пат Охрид-Свети Наум„, Никола Бакрачески-Градоначалник на Охрид
Сообраќајницата ќе се гради по нова траса,над сегашниот магистрален пат и ќе поминува покрај националниот Парк „Галичица„,поради што како што рече Директорот на Агенцијата за патишта,Георгиески,работите нема да започнат се додека не се добие позитивно мислење од министерството за животна средина.
