Меркел и Макрон загрижени за Украина

29.08.2017 11:29

Побараа претседателите Путин и Порошенко целосно да ги почитуваат обврските од договорот потпишан во Минск во 2015-та година.

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон ги повикаа Русија и Украина да ги зголемат напорите за спроведување на примирјето во источна Украина.

Побараа претседателите Путин и Порошенко целосно да ги почитуваат обврските од договорот потпишан во Минск во 2015-та година.

Во конфликтот се убиени околу 10 илјади луѓе..