Жртви, повредени и исчезнати во ураганот Харви

29.08.2017 13:20

Библиски поплави во Тексас. Песимистички прогнози за невремето во Хјустон. Ураганот Харви се доближува во Луизијана. Бројот на жртви расте. Аналитичарите најавија и раст на цената на нафтата. В петок се очекува повратен удар на ураганот кој не е запаметен во последните 50 години...

Рекордни 75 сантиметри дожд се измерени во градот Хјустон кој се бори со моќниот ураган Харви. Улиците се претворени во реки, а синоптичарите најавуваат удвојување на количеството врнежи кон крајот на неделава. Освен човечки жртви, повредени и исчезнати, невремето предизвика огромна материјална штета.

Насекаде има вода. Само што не спасија, дури сега гледам колку многу вода има. Ова е невидено нешто. Само толку можам да ви кажам.

Добро се држам, се обидувам да им помогнам на луѓето. Изморен сум, но целта е голема. особено кога му помагам на мало дете. Децата не треба да се изложени на вакво невреме“- велат жители на Хјустон.

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе ги посети погодените региони. Освен Тексас, најави и посета на Луизијана каде што е прогласена вонредна состојба.

„Харви“ стигна на копното како ураган од четврта категорија, предизвикувајќи неочекувано големи поплави. Подоцна премина во тропска бура, но со разорувачка моќ. Во околината на Хјустон, четвртиот по големина град во САД, се спасени 3.000 луѓе.

Спасувањето на луѓето од поплавите останува приоритет. Екипите во Хјустон завршија голема работа. Илјадници граѓани побараа помош и тие успеаја да стигнат до нив“, изјави Силвестер Тарнер, градоначалник на Хјустон.

Гувернерот Грег Абот ја мобилизираше целата Национална гарда на Тексас, од речиси 12 илјади т.н. „граѓански војници“ за да им помогнат на националните сили во операцијата за спасување и потрагата по исчезнатите. И соседно Мексико понуди поддршка.

Властите од Мексико понудија помош. Подготвени се да ни дадат што и да ни треба, бродови, храна, персонал. Тие учествуваа и во спасувачките операции за Катрина. Ќе контактираме со нив за се што ни треба“, изјави Грег Абот, гувернер на Тексас.

Според аналиитчарите, сериозни последици ќе претрпи и економијата. Многу рафинерии се затворени, со што е блокирана речиси една петтина од производството на нафта и гас во Мексиканскиот залив. Се очекуваат загуби од десетици милијарди долари.

Пред ураганот Харви, најразорните бури во САД беа Катрина и Алисон.

 

Маја Филдишев