Чесите подобри од Летонија, Шведска Швајцарија
Сите погодоци беа постигнати во првите две третини, во кои Чесите двапати водеа, најпрвин преку Ерат...

Селекцијата на Чешка ја совлада Летонија со 4:2, и ја забележа првата победа на Олимпискиот хокеарски турнир во Сочи. Сите погодоци беа постигнати во првите две третини, во кои Чесите двапати водеа, најпрвин преку Ерат, а потоа и со голот на Јагр. Благодарение на Спруктс и Васиљевс, Летонија двапати израмнуваше, но со погодоците на Ворачек и Зидлицки, Чешка обезбеди предност од два гола, која ја зачуваа до крајот.
Во реприза на минатогодишното финале од СП, Шведска дури во третиот период го скрши отпорот на Швајцарија. Единствениот гол го постигна Алфредсон на 7 ипол минути пред крајот, што беше мала утеха за Швеѓаните, кои во пресрет на натпреварот објавија дека поради повреда, нивниот капитен Хенрик Зетерберг нема да настапи до крајот на игрите. Со тоа двојниот олимписки шампион обезбеди прво место во “Ц“ групата, и директен пласман во четвртфиналето. Терминот за натпреварите од второто коло во “Б“ групата Норвешка – Финска, и Канада – Австрија е 18 часот.
