Нови тријазични табли во кругот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“
Според министерот за здравствство Таравари, најголема корист од тоа ќе имаат пацинетите бидејќи нема да мора да прашуваат каде се наоѓа клиниката што ја бараат.
Табли на македонски, албански и англиски јазик се поставени пред јавните здравствени установи во кругот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Според министерот за здравствство Таравари, најголема корист од тоа ќе имаат пацинетите бидејќи нема да мора да прашуваат каде се наоѓа клиниката што ја бараат.
Во кругот на Клинички поставени се и корпи за отпадоци, а како што најавија надлежните наскоро најголемиот здравствен центар ќе добие и осветлување.
Министерот за здравство потврди дека сите јавни здравствени установи без исклучок се во долгови и изрази надеж дека новите директори дека нема да направат такви грешки и редовно ќе ги плаќаат долговите кои ги имаат клиниките.
