Метео: Утре облачно и посвежо, од четврток стабилно и сончево

29.08.2017 15:59

Во претпладневните часови на места особено во јужните делови сѐ уште ќе има врнежи од дожд, а ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно и посвежо време. Во претпладневните часови на места особено во јужните делови сѐ уште ќе има врнежи од дожд, а ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Дневната температура ќе достигне до 30 степени. Во наредните денови се очекува стабилно и сончево време со малку повисоки дневни, а со пониски утрински температури.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска