Рашковски: Кривична постапка против сите кои не доаѓале на работа, а земале плата
Ќе биде поднесена и кривична пријава против поранешниот генерален секретар на Владата, објави актуелниот генерален секретар Драги Рашковски. Обвини дека неговиот претходник со вработување на 600 лица во Државниот секретаријат кои земале плата, а не оделе на работа го оштетиле буџетот за 824 илјади денари.

Поведени се дисциплински постапки против 60 лица кои земале плата, а не доаѓале на работа. Ќе биде поднесена и кривична пријава против поранешниот генерален секретар на Владата, објави актуелниот генерален секретар Драги Рашковски. Обвини дека неговиот претходник со вработување на 600 лица во Државниот секретаријат кои земале плата, а не оделе на работа го оштетиле буџетот за 824 илјади денари.
Располагаме со писмена евиденција и тоа како доказ ќе биде доставено до Јавното обвинителство во кое се гледа дека овие вработени во последните две, три или четири години, зависно кој кога е примен на работа, еднаш во неделата во однапред подготвен распоред доаѓале да се потпишуваат дека се присутни тој ден. Во останатите четири дена немале никаква обврска и во истиот ден кога доаѓале на работа немале никаква друга обврска туку дека едноставно требале да дојдат и да се потпишат, рече Рашковски.
Генералниот секретар нагласи дека станува збор за едно организирано делување кое во соработка и во координација меѓу претходниот генерален секретар, вработените кои земале плата и службите кои го организирале таквото делување. Ќе биде покрената соодветна постапка пред соодветните институции- рече Рашковски.
