Јункер: Турција се оддалечува од Европа

29.08.2017 16:53

Јункер рече дека ќе поддржува „добри односи“ со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, но оти се „сомнева“...

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер изјави дека Турција предизвикува сериозна загриженост поради непочитувањето на човековите права и владеењето на правото и додаде дека со гигантски чекори се оддалечува од Европа.

Јункер рече дека ќе поддржува „добри односи“ со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, но оти се „сомнева“ дека неговата намера е да ја натера Европа „да каже дека сака да стави крај на преговорите, за да може одговорноста да ја префрли на единствено на ЕУ, а не на Турција.