Пратениците се враќаат на работа
За денеска се закажани седници на Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање.

Собранието на Република Македонија од денеска почнува со работа по годишниот одмор што пратениците го користеа од 18-ти месецов. За денеска се закажани седници на Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање.
На дневен ред се извештаите за работата на Управата за безбедност и контраразузнавање за 2016 година и на Агенцијата за разузнавање. Најавена е и средба на членовите на Комисијата за одбрана и безбедност со делегација на Парламентот на Велика Британија.
Пленарна седница е закажана за 4-ти септември на која пратениците треба да расправаат за Предлогот за огласување именување Јавен обвинител на Република Македонија.
