Продолжува судскиот процес за случајот „Диво насеље“

30.08.2017 10:22

На претходното рочиште завршни зборови имаше обвинителството, кое побара највисоки казни за 37-темина обвинети за тероризам и терористичка организација.

По годишните одмори, продолжува судскиот процес за случајот „Диво насеље“. Одбраната треба да ги презентира завршните зборови.

На претходното рочиште завршни зборови имаше обвинителството, кое побара највисоки казни за 37-темина обвинети за тероризам и терористичка организација. На последните неколку рочишта, обвинитите го бојкотираа судењето и бараа од судијката да бидат отстранети од судската сала, со образложение дека не го признаваат судот.

Во терористичките напади во кумановската Дива населба на 9-ти и 10-ти мај 2015-та, загинаа 8-мина припадници на безбедносните сили, а 40-мина беа повредени.