Димитров и Коѕиас ќе се фокусираат на унапредување на соработката меѓу Македонија и Грција

30.08.2017 10:24

Од МНР нема официјална информација дали на маса ќе биде и спорот со името...

Унапредувањето на соработката меѓу Македонија и Грција, но и процесот на мерки за градење доверба ќе биде главната тема на средбата на шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕиас утре во Скопје.

Од МНР нема официјална информација дали на маса ќе биде и спорот со името. Покрај средбата со својот македонски колега Димитров, Коѕиас ќе биде примен од претседателот Ѓорге Иванов, а ќе разговара и со премиерот Зоран Заев и со лидерите на политичките партии.

Посетата на грчкиот министер за надворешни работи е возвратна по престојот на Димитров во Атина.