Времен прекин на сообраќајот од Рајчица до Дебар поради асфалтирање

30.08.2017 10:27

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Сообраќајот на патот Маврово - Дебар, на потегот од  село Рајчица до Дебар денеска од 13 до 17 часот ќе биде во прекин поради асфалтирање, соопшти АМСМ.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема поголеми задржувања за влез и за излез од државата.

Според АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.