Иран не дозволува контрола на воените локации

30.08.2017 10:42

Претседателот Рохани го одби предлогот на САД, потенцирајќи дека односите со агенцијата се дефинирани исклучиво со правила.

Иран не дозволува контрола на инспекторите на Меѓународната агенција за атомска енергија на нивните воени локации. Претседателот Рохани го одби предлогот на САД, потенцирајќи дека односите со агенцијата се дефинирани исклучиво со правила.

Американската амбасадорка во Обединетите нации, Ники Хејли, најави дека Вашингтон планира ваков вид инспекција со цел да се утврди дали властите во Техеран го почитуваат договорот за нуклеарна енергија.