На Детската клиника почина четири месечно бебе

30.08.2017 14:20

Детето, чии родители се од селото Негорци, било сместено на интензивна нега. Овој смртен случај е седми за само 10 дена.

Четири месечно бебе изутрината починало на скопската Детска клиника. Детето, чии родители се од село Негорци, било сместено на интензивна нега. Починало од синдром што ги напаѓа срцето и белите дробови и во најголем број случаи, како што изјави директорката Ставриќ, висок е процентот на смртност кај ваквите деца. Родителите на четири месечното бебе обвинуваат за лекарска грешка.

Овој смртен случај е седми за само 10 дена. На гинекологија починаа четири новороденчиња, а во Струга и Охрид 7-месечно бебе и 2 ипол годишно дете.

Сѐ уште се чека извештајот од комисијата за смртта на новороденчињата.