Нови учебници за децата со оштетен вид

30.08.2017 14:45

Целта на проектот е полесно да се совлада наставниот процес на овие деца...

Учениците во државното училиште за деца со оштетен вид „Димитар Влахов“ учебната година ќе ја стартуваат со нови учебници со Брајoво писмо. Целта на проектот е полесно да се совлада наставниот процес на овие деца.

За подготовка, приспособување и изработка на новите учебници беа потребни две години, вели Коце Димов, поранешен штитеник на училиштето, а сега експерт кој е вклучен во нивната изработка. Горд е што може да им ја олесни наставата на децата со оштетен вид.

Во ова училиште учат 42 ученика, 12 од нив се интернатски сместени, а во преостанатиот капацитет има ученици од редовната настава.

 

Билјана Јанакиеска