Венецуела: Со декрет се бара судење на опозиционерите
30.08.2017 15:26
Поранешниот министер за надворешни работи Делси Родригез кој е поставен за претседател на Собранието, побарал од државниот обвинител веднаш да покрене истрага.

Новото собрание на Венецуела, составено само од приврзаниците на претседателот Николас Мадуро изгласаа декрет со кој лидерите на опозицијата и политичките противници ќе се судат за предавство.
Поранешниот министер за надворешни работи Делси Родригез кој е поставен за претседател на Собранието, побарал од државниот обвинител веднаш да покрене истрага.
Минатата недела, САД воведоа санкции против власта во Каракас, како одговор на диктатурата на Мадуро. Каракас возврати со обвинување дека санкциите се обид да се урне венецуелската економија.
