Тексас: Опасност од експлозија по ураганот Харви
Противпожарните екипи евакуираа дел од населението кое живее во радиус од 2,4 км од фабриката. Објектот е поплавен, а директорот на компанијата изјави дека одредени хемикалии се во критична состојба зашто системите за ладење не работат.

Властите во Кризби, Тексас предупредија дека во наредните 6 дена може да се случи експлозија во одделот за хемикалии на компанијата Аркема откако прекина снабдувањето со електрична енергија во тропската бура Харви.
Противпожарните екипи евакуираа дел од населението кое живее во радиус од 2,4 км од фабриката. Објектот е поплавен, а директорот на компанијата изјави дека одредени хемикалии се во критична состојба зашто системите за ладење не работат.
Најмалку 33 лица загинаа во ураганот Харви во Тексас. За наредните денови е најавено зголемено количество на врнежи и во Луизијана.
