Пентагон: Во Авганистан има 11.000 американски војници

31.08.2017 12:30

Претходно, министерот за одбрана на САД, Џејмс Метис изрази незадоволство од методот за пребројување на американските војници во конфликтните зони.

Пентагон тврди дека во Авганистан се распоредени 11 илјади војници откако беше објавена бројка од 8.400, согласно со максимумот наложен од администрацијата на поранешниот претседател на САД Барак Обама.

Претходно, министерот за одбрана на САД, Џејмс Метис изрази незадоволство од методот за пребројување на американските војници во конфликтните зони.

Зголемувањето е дел од новата стратегија на претседателот Доналд Трамп за зајакнување на военото присуство во Авганистан. Се очекува испраќање на уште американски војници, но засега не е наведен нивниот точен број.