„Индепендент“: Сеул обучува специјалци да го убијат Ким

31.08.2017 12:43

Претседателот на Јужна Кореја, Мун Џе-ин нареди војската да биде подготвена за брз одговор...

„Јужна Кореја обучува специјалци да го убијат севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун и неговите советници, а стратегијата е дел од серија мерки со кои Сеул би му се одмаздил на Пјонгјанг во случај на напад“, пишува британски „Индепендент“, повикувајќи се на корејските медиуми.

Објавен е владин документ во кој се вели и дека ќе бидат идентификувани и ликвидирани 1.000 примарни цели, вклучувајќи и нуклеарно оружје и објекти за ракетно лансирање.

Претседателот на Јужна Кореја, Мун Џе-ин нареди војската да биде подготвена за брз одговор доколку провокациите од северниот сосед ескалираат.