Високи трошоци за спорови со мала вредност
Правници со совет до бизнисмените- за спорови од мала вредност да не поведуваат судски постапки. Трошоците се високи. Се препорачува да се користи медијација...

Околу 8.000 судски предмети годишно се водат за спорови со мала вредност. Експерти по право препорачуваат за овие спорови да не се поведува судска постапка. Најновите анализи на Центарот за правни истражувања покажуват дека за ваквите случаи не постои економска оправданост, траат долго, а трошоците за физичките лица и за државата се високи.
Според меѓународниот експерт за статистика Хоџиќ, анализата ќе му помогне на обичниот граѓанин да процени колку ќе го чини целата судска постапка. Toj нуди во замена медијација, а во краен случај и откажување од побарувањето.
Преку калкулаторот кој ќе биде поставен на интернет- страницата на Центарот за правни истражувања, ќе може да се пресмета оправданоста. Ќе биде понуден и на судовите и Министерството за правда.
Најчесто судските постапки со мала вредност ги опфаќаат долговите, задршките и другите побарувања до 600.000 денари.
Дијана Ценевска
