Зголемен бројот на граѓани кои вршат увид во избирачкиот список
Електронската апликација била искористена повеќе од 180 илјади пати. Од ДИК, велат дека е зголемен бројот на граѓани кои вршат проверка на податоците.

Во тек е јавниот увид во избирачкиот список за локалните избори. Според податоците на државната изборна комисија над 8 илјади граѓани си ги провериле своите податоци во подрачните одделенија и канцеларии на комисијата.
Електронската апликација била искористена повеќе од 180 илјади пати. Од ДИК, велат дека е зголемен бројот на граѓани кои вршат проверка на податоците.
Јавниот увид во избирачкиот список трае до 9 септември. В понеделник на полноќ завршува рокот за собирање потписи за независни кандидати за градоначалници и за листи за советници, а на 14 септевмри истекува рокот за поднесување на кандидатските листи од овластени претставници.
