Штети од сушата и догодина

04.09.2017 10:45

Поради долготрајната суша земјоделските култури се наоѓаат во критична состојба. Влага во почвата нема доволно, а системите за наводнување опфаќаат мал дел од површините. Експертите велет дека штети во овоштарството од недостигот на вода ќе има и следната година.

Како последица од топлото време и недоволните количества на влага во почвата состојбата со земјоделските култури е загрижувачка.

Пролетните насади се во лоша состојба, дури и во катастрофална кога станува збора за пченката. Кај оние површини каде што нема сиетми за наводнување можно е да нема и род, велат експертите.

Штети ќе има и кај лозарството и овоштарството каде што зрнатата грозје веќе почнуваат да дехидрираат и да се суши дел од стеблото. Овошките, пак, кои сега треба да ги формираат цветните папки без вода може да се случи догодина да не дадат род или родот да биде многу мал.

Затоа наводнувањето е приоритетно и мора да продолжи, препорачуваат агрометеоролозите.

Сушата и топлоте време единствено е добро и им погодува на оризовите полиња каде што жетвата треба наскоро да почне, а оризопроизводителите очекуваат дека ќе има надпросечен род.

 

Методија Трајков