Јужна Kореја

Симулација на можен напад врз Северна Кореја

04.09.2017 10:50

Кризата во регионот вчера дополнително се зголеми со изведување на досега најмоќните нуклеарни тестирања на хидрогенска бомба со голем дострел од страна на Пјонгјанг.

Јужнокорејската војска извела симулација на можен напад врз база на нуклеарно вооружување во северна кореја како одговор на нејзиното тестирање нуклеарна ракета. Според медиумите, во вежбата учествувале борбени авиони, а биле употребени и балистички ракети од типот „воздух-земја“ со долг дострел. Се наведува дека сите проектили успешно ги погодиле зацртаните цели кои биле поставени во Јапонското море, на далечина соодветна на севернокорејската база за нуклеарни тестирања.

Кризата во регионот вчера дополнително се зголеми со изведување на досега најмоќните нуклеарни тестирања на хидрогенска бомба со голем дострел од страна на Пјонгјанг.

Војската на Јужна Кореја соопшти дека во вежбата учествувале само јужнокорејски воени сили и најави дека во тек се подготовки за заеднички вежби што ќе бидат спроведени заедно со војската на САД во Јужна Кореја.

Претседателот Мун потенцира дека треба да се засили притисокот и санкциите врз Северна Кореја додека не реши да седне на преговарачката маса“, изјави Парк Су-Хјун, портпарол на претседателот на Јужна Кореја.

Предходно САД најави дека би можеле да преземат „воен одговор од големи размери“ во врска со заканите од Северна Кореја, а Кина ги обвини Северна Кореја, но и САД и Јужна Кореја, за најновата криза. Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека Јужна Кореја сфатила дека нема ништо од приказните за смирување на Северна Кореја и дека Пјонгјанг разбира „само едно“.

Вежбите беа одржани неколку часа откако американскиот секретар за одбрана, Џејмс Матис, се закани со „масивен воен одговор“ ако Северна Кореја им се закани на САД или на некој од нејзините сојузници. „Гардијан“ пренесува дека јужнокорејската влада е подготвена да одобри дополнителни распоредувања на контроверзниот американски систем за ракетна одбрана, можеби уште оваа недела.  

 

Марина Автовска