Неуспешен референдум во Босилово

04.09.2017 11:00

Жителите на општина Босилово се изјаснуваа дали се за или против работењето на рудникот за бакар и за злато „Иловица“ и дали се за или против отворање рудници за експлоатација на метални и металични суровини во нивната општина.

Неуспешен е референдумот за рудниците во општина Босилово затоа што не е исполнета излезноста од 50 насто плус еден од запишаните гласачи. Жителите на општина Босилово се изјаснуваа дали се за или против работењето на рудникот за бакар и за злато „Иловица“ и дали се за или против отворање рудници за експлоатација на метални и металични суровини во нивната општина.

На 19 гласачки места во општина Босилово требаше да излезат 6.151 граѓанин, а да биде успешен референдумот. Референдум за рудникот кај Иловица ќе има и во општина ново село што е закажан за 17 септември.