Истекува рокот за потписи за независни кандидати за локалните избори
04.09.2017 11:27
Изборната кампања почнува на 25-ти септември 2017 година на полноќ. Изборната кампања во првиот круг завршува на 13-ти октомври 2017 година во 24 часот.

Вечерва на полноќ завршува рокот за собирање потписи за листи на независните кандидати за советници и градоначалници. Политичките партии своите листи на кандидати треба да ги поднесат најдоцна до 9-ти септември.
Изборната кампања почнува на 25-ти септември 2017 година на полноќ. Изборната кампања во првиот круг завршува на 13-ти октомври 2017 година во 24 часот.
Граѓаните имаат уште пет дена, до 9-ти септември, да поднесат барања за запишување, дополнување или бришење на податоци во Избрачкиот список.
Јавниот увид во Избирачкиот список исто така трае до 9-ти септември 2017 година до 24 часот.
