Чешка сака да е надвор од Еврозоната

04.09.2017 11:45

Според лидерот Андреј Бабиш, кој има најголеми шанси да биде премиер, еврото не е и нема да биде потребно. Програмата на АНО е за реформи во блокот...

„Чешка сака да остане надвор од Еврозоната и треба да и врши притисок на ЕУ да ги затвори надворешните граници за илегалните мирганти“, се вели во манифестот на движењето АНО, партијата која води во анкетите за парламентарните избори во октомври.

Според лидерот Андреј Бабиш, кој има најголеми шанси да биде премиер, еврото не е и нема да биде потребно. Програмата на АНО е за реформи во блокот, и за зацврстување на односите со Франција и со Германија.