Папата Франциск во посета на Колумбија
Поглаварот на Католичката црква претходно го одбиваше барањето од властите во земјата со 80% католици, условувајќи ги со успешно спроведување на спогодбата за примирјето изготвена со посредство од Куба и Норвешка.

Папата Франциск ќе оди во петдневна посета на Колумбија за да го поддржи мировниот процес кој го оконча полувековниот конфликт меѓу владата и герилците од ФАРК во кој загинаа 220 илјади луѓе.
Поглаварот на Католичката црква претходно го одбиваше барањето од властите во земјата со 80% католици, условувајќи ги со успешно спроведување на спогодбата за примирјето изготвена со посредство од Куба и Норвешка.
На референдум беше одбиена, но подоцна беше усвоена неговата модифицирана верзија. Левичарската ФАРК веќе ја претстави новата политичка партија.
