Започна новата учебна година

04.09.2017 12:59

Училишното ѕвонче заѕвони за над 20 илјади првачиња и околу 17 илјади ученици во првата година од средното образование. Забележано е опаѓање на бројот на запишаните средношколци, министерката Тренеска- Дескоска вели дека овој пад во блиска иднина треба да запре...

Училишното ѕвонче го означи почетокот на новата учебна година за околу 270 илјади ученици. Во училишните клупи седнаа речиси 20 илјади првачиња.

На првиот училишен час, секое дете со своја приказна. Најмалите- возбудени. Дотерани, во придружба на своите родители, ги наполнија училишните дворови со џагор. Првпат се сретнаа со своите соучениците, ја запознаа и својата учителка. 

Наставниците велат дека се подготвени и очекуваат успешна година. Во основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ оваа година 116 ученици за прв пат ќе седнат во училишните клупи.

„Трагајте по знаење затоа што образованието е патот кон вашата слобода, знаењето е најсилното оружје со кое можете да го смените својот живот“- министерката за образование Дескоска со порака им го честита почетокот на новата учебна година на сите ученици.

Учениците ќе ги добијат бесплатните учебници најдоцна до 15-ти септември. Училишното ѕвонче ја врати вравата во училиштата. Учениците седнаа во училишните клупи. Нека е среќна и успешна новата учебна година.

 

Ана Јосифоска- Тодоровска