Заев се сретна со Нетанјаху

04.09.2017 14:18

Премиерот Заев, кој е во официјална посета на Израел, денеска во Ерусалим имаше работен ручек со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Главна тема- безбедносната соработка. Двајцата соговорници разговараа и за заедничките проекти во делот на информатичката технологија...

Премиерот Зоран Заев на вториот ден од работната посета на Израел имаше средба со неговиот домаќин, претседателот на израелската влада Бенјамин Нетанјаху. Главна тема- безбедносната соработка.

Двајцата соговорници разговараа и за заедничките проекти во делот на информатичката технологија. Нетанјаху ја честиташе победата на Македонија против Израел во квалификациите за Светското првенство во фудбал.

Премиерот Заев ќе се сретне и со шефот на опозицијата во Израел, Исак Херцог. Вчера премиерот имаше средба со израелскиот претседател Ривлин, како и со поранешниот премиер Шарон.

Заев се обрати на израелскиот совет за надворешни работи и на бизнис-форумот што го организира Владата на Република Македонија.