Заев- Нетанјаху: Зголемување на соработката
Премиерот Зоран Заев на вториот ден од работната посета на Израел имаше средба со неговиот домаќин, претседателот на израелската влада Бенјамин Нетанјаху. Главна тема безбедносната соработка. Двајцата соговорници разговараа и за заедничките проекти во делот на информатичката технологија. Нетанјаху ја честиташе победата на Македонија против Израел во квалификациите за Светското првенство во фудбал.
Продлабочување на соработката меѓу Израел и Македонија. Ова било главна тема на разговор меѓу македонскиот и израелскиот премиер во Тел Авив. Стоиме заедно на страната на мирот во светот, е пораката што ја испратија двајцата премиери во заедичката изјава за медиумите. Нетанјаху благодарен за, како што вели, сѐ што направила нашата за неговата земја.
„Ние се сеќаваме на трагедијата од пред 75 години, се сеќаваме на Евреите од Македонија. Овде сме за развој на билатералните односи. Благодарни сме на Македонија што има направено за Израел на меѓународен план. Ќе продолжиме на овој начин. За сево ова ви изразувам добредојде во Ерусалим“, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Заев соопшти дека за Македонија значат искуствата на Израел во иновациите и старт ап бизнисите. Рече дека Владата ќе ги употреби израелските искуства за калитетен живот на граѓаните во нашата земја. Најголем акцент стави на безбедноста.
„Нашата соработка треба да биде на неколку нивоа, едно од нив е областа на безбедноста, за што Израел е добар пример во светот, за светскиот мир. Мислејќи на организациите како што е НАТО, зашто ние се надеваме да станеме негова членка. Радикализмот и екстремизмот се присутни во овој регион, но и во мојата земја. Ќе ја зголемиме оваа соработка во областа на одбраната“, нагласи премиерот Заев
Во текот на вчерашниот ден, премиерот Заев имаше средба со израелскиот претседател Руевен Ривлин. Се одржа и бизнис форум на кој присуствуваат израелски стопанственици.
Катерина Топалова
