Иванов во работна посета на Полска
Претседателот Иванов ќе се обрати на официјалната сесија на отворањето на Економскиот форум во Крињица- Здруј на тема „Незавршена интеграција- аспирации на европските земји“, на која ќе зборуваат и полскиот претседател и претседателот на Грузија.

Претседателот Ѓорге Иванов, денеска и утре престојува во работна посета на Полска. Иванов ќе се обрати на официјалната сесија на отворањето на Економскиот форум во Крињица- Здруј на тема „Незавршена интеграција- аспирации на европските земји“, на која ќе зборуваат и полскиот претседател и претседателот на Грузија.
За време на престојот на Полска, предвидено е претседателот Иванов да има билатерална средба со полскиот претседател Анджеј Дуда.
Економскиот форум, кој годинава се одржува по 27-ми пат, претставува најголема и најреномирана конференција во Централна и Источна Европа со нагласка на економијата и политиката. Присуствуваат над 3.000 учесници од повеќе од 60-ина земји од Европа и од светот.
Иванов утре ќе има обраќање и на 12-от Економски форум на млади лидери.
