Собрание: Почнува дебатата за новиот Закон за употреба на јазиците

05.09.2017 08:27

Комисијата за европски прашања денеска на седница треба да го разгледа новиот Предлог- закон за употреба на јазиците...

Предлог- законот за употреба на јазиците влезе во собраниска процедура. На прво читање е пред Комисијата за европски прашања. Со законот се предвидува во сите државни органи, централни институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи и организации што вршат јавни овластувања, службен јазик покрај македонскиот и неговото кирилско писмо, да биде и јазикот што го зборуваат 20 проценти од граѓаните.

Книжните и кованите пари, како и поштенските марки, согласно со законот, ќе содржат симболи што го претставуваат културното наследство на граѓаните што го зборуваат македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, и албанскиот јазик.

Двојазични ќе бидат и униформите на полицијата, во општините каде што живеат 20 проценти Албанци. Во предлог-законот, кој е со европско знаменце, е предвидена глоба во износ од 4 до 5 илјади евра за органите и институциите кои нема да ги почитуваат законските одредби.

Законот за употреба на јазиците на пленарна седница е на 13-ти септември.